ВД претседателка на Косово, Вјоса Османи, побара да прекине дијалогот Белград – Приштина по отворањето на судски процес против екс-претседателот Хашим Тачи и неколку поранешни команданти на ОВК обвинети за воени злосторства.



„Мислам дека поради актуелните случувања сега не е моментот дијалогот веднаш да продолжи. Косовските институции треба да одвојат малку време, да се консултираат меѓусебно, да создадат многу поединствен став за дијалогот, бидејќи е неопходно секој кој преговара во име на Косово, за судбината на Косово, да има единствен став на политичкиот спектар а не само на коалицијата која ја претставува“, кажа Османи во интервју за Дојче веле.

Прекин на дијалогот побара и претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај дента кога беше потврдено обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими.