Косово ѝ предложило на Македонија пакт против Србија!

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај во „Вечерњи лист“ ја обвини Србија дека сака да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион, па при своите посети на Македонија, Хрватска и Црна Гора им предложил пакт против Белград.



„Тоа на сите им е јасно, Кога не предизвикува криза со Косово, тогаш ја предизвикува со Хрватска или, пак, со Македонија или со Црна Гора. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг… Зарем тоа не е чудно? Во неколку наврати, за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со челниците на тие држави да основаме еден пакт кој би ѝ се спротивставил на Србија и на нејзината агресивна политика“, изјави Хоџај.

Заменикот на премиерот Рамуш Харадинај наведе и дека идејата за Голема Србија не е умрена и сè уште виси во воздухот, па им одржа лекција на Европска унија и на САД.

„ЕУ и САД мораат да сфатат во кој правец оди Балканот и каков ќе биде по десет години. Посебно БиХ, Косово и Македонија. Ако ЕУ и Запад не ја сфаќаат опасноста од српската политика во тој дел на Балканот и ништо не преземаат во врска со забрзувањето на процесот на евроинтеграциите на тие земји. Никој не знае што ќе се случи со Косово, со Македонија, а најмногу со БиХ“, објасни Хоџај за хрватскиот весник.