„Пикантноста на пиперките кај косовските потрошувачи повеќе се забележува според цената отколку според вкусот. Цената на еден килограм пиперки во Косово во вторникот се искачи на 8 евра, барем во една продавница во Хајвалија. За 25 отсто поевтино од таму се продадени во вторникот во синџир на продавници.“ – пренесуваат информативните портали „Клан Косова“ и „Лидери.мк“ во информацијата со наслов „Среќа е што ја имаме Струмица блиску: во Приштина килограм пиперки чини 8 евра, а во Скопје 2 ипол евра“.
Овие медиуми пренесуваат: „За купувачите е скапо и 6 евра. Трговците, кои не сакаа да зборуваат пред камера, велат дека ги продаваат скапо, бидејќи не ги купуваат поевтино од добавувачите. Последниве ги има во изобилство во Зелената чаршија во Приштина, каде што се дозна дека скапите пиперки доаѓаат од Грција. Според некои, пиперките купени во Македонија и Турција се евтини, но трговците им ставаат иста цена во продавниците.“
„Министерството за трговија на Косово не одговори дали се занимава со екстремната цена на пиперките. Според податоците на Агенцијата за статистика, излегува дека барем во вторникот килограм лута пиперка чинела повеќе од истото количество говедско месо, кое имало цена од 7 евра и 88 центи.“
„Во Скопје и во другите градови на с.Македонија, цената на пиперките денеска се движи од 2,5 до 3 евра (155 до 185 денари) за килограм.“
„с.Македонија е позната по земјоделските центри како Струмица, Гевгелија, Валандово, каде што земјоделските култури се одгледуваат во оранжерии, но во голема мера се застапени и во Скопската Котлина и другите градови. Ова е причината што кај нас во Косово речиси секогаш цените на зеленчукот се пониски.“





