Косоварите без визи ќе патуваат во ЕУ од 2024-та

Косовските граѓани ќе можат без визи да патуваат и да престојуваат 90 дене во ЕУ, а тоа би требало да почне да се применува најдоцна од 1 јануари 2024-та, одлучија амбасадорите на државите членки на Европската Унија.



„Либерализацијата на визниот режим е овозможена од напорите на Косово да ја зајакне граничната контрола, управувањето со миграциите и безбедноста и веруваме дека таа добра соработка само ќе јакне во иднина“, кажа чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.

Според нацрт одлуката, на носителите на косовски пасоши би им било овозможено да патуваат во ЕУ без виза на период од 90 дена во кој било период од 180 дена.