Кошаркарската репрезентација на „Северна Македонија“, како што ѝ пишува на дресовите, се зацврсти на дното од групата Г во квалификациите за Светското првенство 2023 по новиот убедлив пораз од Грузија, оовојпат со 79:65 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.



Селекцијата водена од в.д. селекторот Александар Јончевски доби две четвртини, првата со 21:18 и третата со 17:15, но тоа се покажа премалку за да се избегне и четвртиот пораз во исто толку натпревари од втората квалификациска фаза.

Ненад Димитриевиќ со 25 поени беше најефикасен играч на мечот, а во поразениот тим двоцифрен број поени забележаа уште Војдан Стојановски (13) и Бојан Крстевски (11).