Претседавачот на Комитетот за меѓународни односи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, вели дека пристапувањето во НАТО нема да и донесе добро ниту на Македонија, ниту на европската безбедност.



„Ова е повеќе симболичен отколку практичен чекор, бидејќи станува збор за мала земја која нема никаква важност за НАТО.

Но, ова, сепак, е важно за Алијансата имајќи го предвид судирот со Русија, која постојано укажува на деструктивната улога на НАТО како остаток од Студената војна, вели Косачев

Според него, целиот случај околу Македонија покажува дека е оправдано руското незадоволство во врска со Алијансата.