За македонските граѓани најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност, покажува најновото истражување на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн за МКД.мк.



Само мал дел од испитаниците, само 10% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока.

Половина или 51,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност.

Дека ќе се подобри животниот стандард очекуваат само 20% од испитаниците.

Речиси ист процент (19,3%) очекуваат сегашниот премиер до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата.

Но, две третини од испитаниците не очекуваат сегашниот премиер да донесе подобрувања во економијата.

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале 21,4% од испитаниците.

Половина или 55,7% сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ, а само 33,8% се уверени дека тоа ќе се случи.

.