Во највисокиот ешалон на власта, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција, вели премиерот Зоран Заев.
Кај министрите и кај директорите не е пронајдена корупција, туку таа е пронајдена во делот на административното функционирање на јавните институции.
Коментирајќи го извештајот на Стејт департментот, премиерот вели дека тоа треба да биде „ветар во грб“ за да се отстрани корупцијата, како девијантна појава што ја има насекаде во светот, пренесува РСЕ.
„Нам ни е јасно од страна на Владата по сите анализи заедно со Транспаренси интернешенл, со Стејт департментот, со Европската делегација овде и со многу други граѓански организации го утврдивме нивото на корупција што се случува на трето ниво.
Таму каде што граѓаните шалтерски допираат, имотен лист, одобрение за градба, решенија, согласност или слично и ќе го промениме“, вели премиерот.






