Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, тврди дека добил сопственост врз 2/5 од трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје затоа што е добар претприемач.
Вредноста на ТВ Собранија заедно со банкарските долгови е околу 26 милиони евра иако според Телма вредноста е околу 31 милиони евра.
Ако внукот на Ахмети од луѓето што ги даваат парите за купување добил две петини од Соравија тогаш тој добил на подарок најмалку 10 милиони евра.
Ако е вредноста 31 милиони евра тогаш Дрин Ахмети без никаква парична инвестиција станал газда на дел од објект со вредност од 12 милиини евра.
Тој денеска пред медиумите рече дека ќе добие 39 отсто од уделот во деловниот објект „Соравиа“ во центарот на Скопје, само поради претприемачкиот дух.
Во структурата на сопственоста, 39 отсто ќе му припаднат на сопственикот на „ТОР Индустрис“, 51 процент ќе добие неговиот партнер од Албанија, Владимир Пјетерџокај како сопственик на Пе-Вла-Ку од Албанија, а 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравиа.
Ахмети пред новинарите рече дека за овој удел нема да плати ниту евро, туку дека овој процент од сопственоста ќе му следува само поради претприемачкиот дух.
,,Јас ќе го водам деловниот објект „Соравиа“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерџокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето. Ова е бизнис и секој бизнис е ризик, затоа ако не одат работите како што треба, ние ќе може деловната зграда да ја ставиме на продажба, рече Дрин Ахмети, пренесе Фактор.мк.





