Во изминатото деноноќие починаа пет лица, двајца на Инфективната клиника и три лица во ГОБ „8 септември“ и пред два дена почина пациентка на Онкологија, информира Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761.
Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -25 и МАНУ -22 . Досега во земјата се направени вкупно 15771 тестирања на ковид -19.






