Над 100.000 луѓе починале во САД како жртва на коронавирусот, со што земјата е место со најголем број смртни случаи од пандемијата.
Бројот на жртвите во САД од заразата го надмина бројот на американските војници убиени во војните во Кореја и Виетнам.
Според порталот „Worldometers“, 100.021 лице починале, а во земјата има 1.713.000 потврдени случаи на Ковид-19.






