Вчера повторно беше забележан раст на заболени од ковид-19 со регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања и одново, најмногу новозаболени има во Скопје.
Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај лицата на возраст од 20 до 29 години.
Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415 оздравени пациенти, а десет лица починаа.
Во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19 а вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203.298.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.
Во текот на минатата недела пријавен е 71 смртен случај во 20 градови , најголем дел од нив се од Скопје – 18.
Заклучно со 31 октомври, вакцинирани се вкупно 812.422 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани, со две дози, се вкупно 778.599 лица, а со трета доза се вакцинирани 30.851 лица.






