Врвни американски научници ја предупредија Белата куќа дека, се чини, коронавирусот нема да исчезне волшебно со топлото време како што тврди претседателот Доналд Трамп, јави Си-ен-ен.
Членовите на Националната академија на науките во писмо велат велат дека податоците за тоа колку топлото и ладното време влијаат на коронавирусот не се конкретни.
Во писмото се наведува дека студија во Кина покажала дека вирусот се шири експоненцијално дури и во услови на максимална температура. Секое заразено лице го распространува во просек на две други лица.
Д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести од универзитетот „Вандербилт“, вели:
„Иако можеме да се надеваме дека времето ќе придонесе за забавување на ширењето на вирусот, не можеме да се потпреме само на тоа.
Тој за Си-Ен-Ен рече дека социјалното дистанцирање и други мерки мора да продолжат.





