Светската здравствена организација денеска предупреди дека новиот коронавирус кој однесе 1016 животи во Кина може да биде многу сериозна закана за светот.
„Со 99 отсто случаи во Кина вирусот и натаму предизвикува итна ситуација во таа земја, но може да биде и сериозна закана за остатокот од светот“ , рече шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Габриезус.
Околу 400 научници два дена во Женева ќе бараат одговор како вирусот се пренесува и дали е можно пронаоѓање на вакцина.





