Коронавирусот ќе исчезне во јуни, тврди кинески експерт

Џунг Наншан, познат кинески експерт за респираторен систем и шеф на стручната група за борба против коронавирусот, тврди дека пандемијата на коронавирус ќе запре во јуни, но само ако контролата е максимална на државно ниво.



„Коронавирусот е помалку активен на лето кога температурата е релативно висока“, истакна Џунг.

Но, предупредува дека крајот на пандемијата на Ковид-19 зависи од мерките кои ги презема секоја земја.

„Ако повеќето погодени земји сериозно преземат мерки, верувам дека епидемијата ќе заврши до крајот на јуни“, предвидува Наншан.

Светската здравствена организација во средата прогласи пандемија од коронавирус.

На светско ниво, потврдени се 145.853 случаи на заразени со коронавирус, починати се 5.438, а оздравеле 72.550 лица.