Коронавирусот ја тестира европската солидарност

Пандемијата на коронавирус ја доведе под знак прашање способноста на Европската унија да одговори координирано, пишува „Телеграф“.



Откако земјите-членки на ЕУ не успеаја заедно да дејствуваат против коронавирусот, секоја посебно ги затвори границите наспроти препораките на Брисел границите да останат отворени.

Од денес Германија ги затвара своите граници со Франција, Австрија, Луксембург, Швајцарија и Данска со цел запирање на раширувањето на коронавирусот.

Сите земји се во безграничната Шенген зона, а ова значи времена суспензија на шенгенскиот безвизен режим, пренесува.

Затворањето на границите, ќе биде обезбедено од Германската федерална полиција. Оваа мерка исто така е насочена и против странци кои купуваа намирници на големо во германските супер-маркети што предизвика проблеми во граничните региони, пренесува „Билт Цајтунг“.