Коронавирус: Во август речиси 5 пати повеќе случаи од јули

Дури 112 случаи на коронавирус биле регистрирани изминатиот месец што е речиси пет пати повеќе од јули годинава.



Тоа е за 4,6 пати повеќе од месец јули, кога биле регистрирани 23 случаи, а големо намалување во однос на месец август минатата година, кога биле пријавени 12.354 заболени.

Од заболените во август годинава, најголем број биле од Скопје, 34 случаи. ТВ21