Едно лице почина во болнички услови во изминатите 24 часа од последици на короноваирусот, информира Министерството за здравство.
Покрај починатиот (77г.) согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година.
Направени биле 2.609 тестови во изминатите 24 часа, при што се регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево , Кочани ,Неготино ,Радовиш , Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница , Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани сe 284 оздравени пациенти.






