Коронавирус: Почина Ѓорги Денков, хирург од Штип

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), објави дека сенеска починал познатиот и почитуван хирург од Штип, Ѓорѓи Денков.



„Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите.

Ова е 9-та жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата.

Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни, напишаа од АСМЛ.