Министерот за здравство Венко Филипче, денеска објави дека коронавирусот однесе уште две жртви. Се работи за две лица на возраст од 31 и 91 година, двајцата од Скопје.
31-годишниот скопјанец бил со тешка клиничка слика, вчера поставен на респираторна машина, но денеска починал.
Во изминативе 24 часа има 16 новозаболени пациенти, со тоа вкупната бројка е 257.
Досега од коронавирус во земјава се починати 6 лица.





