Коронавирус: По три месеци, коронавирусот се врати во Дебар

Во Дебар, градот кој прв беше ставен под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата алармантно се менува.



Во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на корона во Дебар кој на почеток на епидемијата на каоронавирус во март, беше ставерн во целосен карантин.

Вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29.

Градоачалникот Хекуран Дука, на вчерашната прес-конференција, оцени дека ситуацијата е алармантна, откако беше контатирано дека од 5 јуни има нови 12 заболени во градот. Денеска, ситуацијата повторно се влошува, со новите 18 заболени.

Дебар на 13 март беше ставен во целосна изолација поради тоа што беше прво жариште на вирусот, кој се рашири откако двајца заразени сопружници се вратија во земјава, од европското жариште на вирусот, Италија. По нив, се заразија и други 49 лица, а четворица ја загубија битката со болеста.