Коронавирус: Мексико ја затвора границата за Американци!?

Мексикански демонстранти го затвориле граничен премин со САД поради стравувањата дека нетестираните Американци би можеле да го пренесат коронавирус во Мексико.
Жителите на пограничниот град Ногалес најавија дека ќе го блокираат сообраќајот во Мексико, јави Њујорк Пост.
Тие носеа заштитни маски и транспаренти на кои на Американците им порачаа „да останат дома“.



Претходно и медицинските власти во Мексико најавија можност за затѕворање на границата како превентива за ширење на пандемијата.