Коронавирус и во Антикорупциска

Четворица вработени во Антикорупциската комисија се позитивни на корона вирус, јавува Телма.



Станува збор за луѓе од Секретаријатот на комисијата, а кај една од нив првиот позитивен тест бил пристигнат пред три дена.

Информацијата ја потврдила и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.

Таа вели дека ги почитувале сите протокли, во моментов се работи епидемиолошка анализа на контактите.