Во Шведска, бројот на смртни случаи од коронавирус достигна 5.041 денес, додека во вторникот имало 4.939, многу повеќе отколку во соседните земји.



Шведска се одлучи за поблаг пристап во борбата против коронавирусот, оставајќи ги повеќето училишта, продавници и ресторани да работат а граѓаните да се потпираат на мерките насочени кон социјално дистанцирање и хигиена.

Ројтерс посочува дека бројот на починати во Шведска од епидемијата, во однос на бројот на жители, е многу поголем отколку во Данска, Норвешка и Финска, каде властите имаа построг пристап. Сепак, смртноста е помала отколку во Велика Британија, Италија и Шпанија, каде исто така беа воведени строги мерки.