Коронавирус: Германија очекува 10.000 случаи дневно!


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 4.058 и сека има 310.144 активни случаи.
Уште 16 лица починаа од коронавирус, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на смртни случаи е 9.578, пренесува Ројтерс.



Ваков скок на бројот на новозаболени лица во Германија не е забележан од април.

Институтот „Роберт Кох“, кој ги објавува најновите податоци секој ден, наведува дека во наредните денови може да се очекуваат 10.000 нови случаи на ден.