Коронавирус: Бројот на заразени надмина 8 милиони

Според податоците на веб-страницата „Worldometers“, бројот на заразени со коронавирус во светот надмина осум милиони.



Досега се регистрирани 435.855 смртни случаи, а оздравеле 4.134.874.

Најтешка е ситуацијата со епидемијата во Соединетите држави, кои бележат повеќе од два милиони заразени и 117.858 смртни случаи од коронавирус.

Следуваат Бразил, Русија, додека Италија и Шпанија, кои со месеци беа жаришта на инфекција бележат помал број заразени и починати.