Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица, 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Министерството за здравство објави дека од направни 2.560 тестови, регистрирани се 378 новозаразени со коронавирус.
Од нив речиси половина, односно, 178 лица се заразиле во Скопје.
Регистрирани сe 432 оздравени пациенти.






