Во последните 24 часа по направени 1.728 тестирања, регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 соопшти Министерството за здравство, со што е надминат црниот рекорд од 13 јуни кога имаше 196 нови случаи.



По градови бројот на нови случаи изгледа вака: Скопје 60, Куманово 13, Дебар 17, Штип 10, Прилеп 2, Тетово 13, Струга 12, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 23, Струмица 1, Крушево 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 1, Свети Николе 29, Кичево 7, Ресен 3.

Починаа 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

Од Институтот за јавно здравје соопштија дека во истиот период има 336 оздравени лица.

.