Црна Гора од денеска одново прогласи епидемија на ковид-19 на целата територија.
Се воведува задолжително носење заштитни маски на отворено и во затворен простор вклучително и за деца на возраст над седум години.
Уредбата не важи за плажи и во национални паркови
Во соопштението на црногорската влада се додава дека од денеска ќе бидат воведени неколку нови привремени мерки:
„Собирањето е ограничено на максимум 40 лица на отворено јавно место и на 20 лица на затворено, со обврска да го почитуваат физичко растојание од најмалку два метра.
Се продолжувбаат до 30 јули и претходните мерки како забрана за одржување на забавни и музички програми во угостителските објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани и слични угостителски објекти), вклучително и барови на плажа (концерти, изведби во живо од музичари и бендови, изведби во живо од диџеи изведувачи…






