Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале 32 лица како последица на коронавирусот.



Во Скопје биле регистрирани 13 починати (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од  Гостивар (83г, 74г,  68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од  Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).

30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.

Во истиот период направени се 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти.