Повеќе од половина милион Американци починаа од последиците на Ковид-19, а највисокиот државен врв пред Белата куќа им оддаде почит на жртвите.
Знамето над Белата куќа се вееше на половина копје на студениот зимски воздух, а стотици свеќи на јужната страна од зградата гореа во знак на сеќавање на безбројните смртни случаи од коронавирусот во САД.
Претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даглас Емхоф им оддадоа почит на жртвите- со наведнати глави, едноминутно молчење , рацет споени во молитва. „Денеска обележуваме навистина мрачна и потресна пресвртница“, рече Бајден во говорот пред комеморацијата.
„Повеќе Американци починаа за една година на пандемијата отколку во Првата, Втората светска војна и во Виетнамската војна заедно “, рече Бајден, додавајќи дека САД бележат повеќе смртни случаи отколку која било друга земја во светот.






