Со вчерашните 1.168 нови случаи на коронавирусот од направени 3.353 тестирања бројот на активни случаи во Македонија достигна 17.800.



Најголем број од активните случаи, 8254 се во Скопје, следи Тетово со 1.051, Прилеп – 878, Куманово-821, Велес-742, Битола – 669, Струмица – 641, Гостивар – 526. Во другите градови се под 500.

Во Скопје најмногу активни случаи има во Аеродром – 1.256, во Гази Баба 1.151, Карпош – 1.070, Центар – 1.028, Кисела Вода – 1.021, Ѓорче Петров – 680, Чаир – 500, Бутел – 430. Во другите општини се под 150.

Од почетокот на пандемијата дијагностицирани се 46.062 случаи на коронавирус, оздравиле 26.981 , а починале 1.281 пациент.