По пден пациент заразен од Ковид-19 умира секоја минута во Соединетите држави. Вчера (среда), починале 1.461 лица, според официјалните бројки што е најголем број од 27 мај, кога за 24 часа починазле 1.484 лица.



Во последните неколку дена бројот на заразените и мртвите во во САД расте со најбрзо темпо во последните 2 месеци.

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 17 милиони, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“, јавуваат светските агенции.

Заразени се 17.029.206 луѓе, а 667.011 луѓе починале од почетокот на пандемијата до сега.