Околу 1,7 милијарди луѓе, или повеќе од една петтина од светското население, се изложени на ризик од потешка форма на Ковид-19, како резултат на поврзани болести како што се срцеви заболувања или дебелина, покажа анализата.
Новиот корона вирус, поради кој само во првиоит бран на епидемијата починаа повеќе од 420.000 луѓе, пртетставува закана за луѓе кои имаат и други заболувања.
Според Ројтерс, група експерти од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина анализирале глобални податоци за низа болести како што се дијабетес, заболувања на белите дробови и ХИВ, за да проценат колку луѓе во светот се повеќе подложни за развој на тешка форма на корона.
Откриле дека секое петто лице во светот има барем едно основно заболување кое ги става под поголем ризик, објави Хина.
И, иако не сите од нив ќе развијат сериозни симптоми во случај на инфекција, научниците предвидуваат дека околу четири проценти од светската популација, 350 милиони луѓе, веројатно ќе завршат во болница.






