Запирањето на бизнисот и другите економски мерки поврзани со ширењето на новиот коронавирус, директно или индиректно засегнаа 2,7 милијарди работници ширум светот што претставува 81% од глобалната работна сила.
Во вториот квартал на 2020 се очекува да се изгубат околу 6,7% од работните часови, што е еквивалентно на целосно отсуство на работа за 195 милиони луѓе, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација на трудот (МОТ).
„Мерките за целосно или делумно затворање на бизнисите досега погодија 2,7 милијарди работници, што претставува околу 81% од глобалната работна сила“, велат експертите, пренесува „BGNES“.
Авторите на извештајот сè уште не се осмелуваат да предвидат колкав ќе биде растот на невработеноста за 2020 година, нагласувајќи дека „загубите многу ќе зависат од развојот на пандемијата и мерките за спротивставување на нејзиното влијание“.
Според предвидувањата на МОТ објавени претходно, се очекува бројот на невработени да се зголеми за 25 милиони до крајот на оваа година. Сега се верува дека невработеноста, како резултат на пандемијата е„под ризик значително да се зголеми“.
МОТ предупредува на „катастрофалните штети“ што ќе ги претрпи бизнисот во голем број секторо, псобено на малите бизниси. Поради оваа причина, „милиони работници се ранливи поради губење на приходите.





