Корона и во психијатриската „Бардовци“

Според неофицијални информации, неколку штитеници на Психијатриската болница-Бардовци во Скопје во одделението за Геријатрија се позитивни на коронавирус, дознава Фактор.



Утринава бил испратен тим за да направи увид, со цел да се знае точниот број на заразени со Ковид-19, како и утврдување на контактите.

„Заразените повозрасни штитеници ако немаат тешка форма на болеста, односно се со полесни симптоми ќе си останат изолирани од останатите во рамки на Психијатриската болница Бардовци“, вели изворот на Фактор.