Во последните 24 часа направењни се 1.382 тестови за Ковид-19 при што се регистрирани нови 198 случаи на заразени.
И натаму најголем број на новозаразени има во Скопје -83. Потоа следуваат Свети Николе со 27, Штип со 21 заразен, Куманово 12, Битола -11, Госитивар-10,Тетово -9, Радовиш со 7 заразени, по тројца новозаразени има во Струга, Охрид, Демир Хисар, во Прилеп, Пробиштип и Велес има по двајца и по еден случај е регистриран во Дебар, Кочани и Кичево.
Во изминатите 24 часа починале четири луѓе, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, оздравени пациенти се 4.565, починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572.




