Координаторката на ОН не употреби Северна и го навлече гневот на Македонците

Налудничавата ситуација со промената на името Македонија претставува проблем и за странските дипломати кои за да не ги навредат чувствата на Македонците понекогаш користат разни техники но не успеваат да го избегнат насобраниот гнев на јавноста.



Ваквата ситуација на своја глава ја почувствува и Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Македонија која во обид да не го употреби зборот Северна доби силни критики за неупотребувањето на зборот Македонија.

Дуџак како претставник на Светската организација е обврзана да го користи целото име на земјата како што е запишана во регистарот на ОН и најверојатно за да го избегне зборот Северна на јубилејот од членството на Македонија во Обединетите Нации го употреби зборот “земјата” без да го употреби зборот Македонија што предизвика реакции во јавноста

“Денес земјата слави 28 години полноправно членство во Обединетите нации. Очекувам континуирана соработка на локално, регионално и глобално ниво”, напиша Дуџак.

Оргиналниот твит на Дуџак со коментарите од граѓани: