Српскиот контроверзен политичар, Срѓан Ного, не може да ја компромитира истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сметка скопското Обвинителство. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на четворицата осомничени, за чиј предводник, истрагата покажала дека е Љупчо Палевски-Палчо.
„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.
Што објави српскиот политичар прочитајте на следниот линк:





