Контролорите на летање вклучени во процесот на тестирање на кандидатите за школување за идни контролори, вчера попладне во канцеларијата на директорот на МНАВ Фахрудин Хамиди оставиле протестна нота и барање за прераспределување, дознава СакамДаКажам.
Тие поднеле оставки на местата за надзор на процесот, бидејќи не сакаат да учествуваат во уривање на успешниот оглас, на кој биле избрани најдобрите 8 кандидати за обука во Данска.
Меѓународен скандал за „деца на ДУИ“…
Станува збор за 12 искусни контролори на летање од повисок ранг во професијата – инструктори, раководители и експерти.
Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ, Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски , сакаат да го пропаднат огласот на кој реномираниот тренинг-центар од Данска „Гејт авиејшн тренинг“, по добиен тендер од МНАВ и согласно препораките од Еуроконтрол, избра 8 најдобри, од вкупно 270 пријавени кандидати за школување за контролори на летање.
Но, меѓу нив немало „нивни деца и деца на функционери од ДУИ“, поради директорите сакаат да распишат нов оглас…







