Австрија од синоќа ги отвори своите граници и го укина карантинот за седум соседни земји – Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија, но не и за Италија.
На ова остро реагираше италијанскиот премиер Џузепе Конте според кој одлуката на официјална Виена претставува дискриминација.
„Дали Италија треба да ја плаќа цената на својата транспарентност, која ја покажала за време на пандемијата“, праша Конте.
Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо оцени дека ова е спротивно на заедничкиот дух на ЕУ и штетно за единствениот пазар на Унијата.






