Констатирана оставката Груевски, на негово место седнува Камчев

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ја констатираше оставката на пратеникот Никола Груевски која тој од Будимпешта и на унгарски јазик ја достави до Собранието.



Имаше дилеми дали писмената оставка е доволна или тој мора лично да ја достави до собранието, или за одземање на пратеничкиот мандат да се изјасни Собранието за што е потребно дво-третинско мнозинство.

Ѓоко Камчев од Валандово ќе го наследи Никола Груевски на неговото пратеничко место во Собранието. Поранешниот пратеник од претходниот состав периодот од 2014 до 2016 е следен на изборната листа во гласачкиот реон 4.

Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија