Марџори Тејлор Грин, конгресментка од сојузната држава Џорџија позната по своите екстравагантни изјави, предложи Конгресот да објави постапка за импичмент на американскиот претседател eо Бајден.
Грин изјави дека поднела нацрт -резолуцијадо Конгресот за смена на Бајден од власт, бидејќи наводно оставил 10.000 Американци во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта.
Таа, исто така, тврди дека претседателот ги прекршил законите за имиграција „Во седумте кратки месеци од претседателствувањето на Џо Бајден, Америка ја загуби почитта во светот. Доказите се јасни и неговите постапки се толку груби што мора да биде сменет од функцијата”, се вели во соопштението на републиканската конгресменка.
Нејзината иницијатива има мали шанси за успех во Конгресот, каде што и двете комори се контролирани од демократите кои го поддржуваат Бајден.






