Денеска со почеток во 13 часот, СДСМ ќе одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален.



Ген-серкот на партијата, Љупчо Николовски, минатата недела рече дека ќе стане збор за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот четиригодишен мандат даден од граѓаните.

По завршувањето на настанот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на Конгресот.