Конфузна, поетска, емотивна, отровна и комплицирана реакција на вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров на барањето за негова интерпелација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Иако интерпелација, особено ако земја доживее неуспех како што е сегашниот со почетокот на преговори со ЕУ, е редовна алатка на опозицијата во секоја демократска земја Димитров со многу пизма одговара кон тие кои бараат одговорност од него.
Според комплицираниот и прилично конфузен начин на кој што е пишувана реакцијата таа се разликува од неговите досегашни реакции за слични теми што наведува на можност таа да е напишана целосно или под влијание од некој негов близок кому многу тешко ќе му падне неговата смена од вицепремиерското место.
Димитров во реакцијата тврди дека бил мета на напади од центри што не и мислат добро на Македонија, нешто што досега не го пријавил кај македонските институции или пред јавноста што остава простор дека се работи само за користење на ПР техника за да спречи негова смена од вицепремиерката позиција.
Целата реакција со многу емоции, метафори, обвинувања, поплаки и навреди на Димитров кон ВМРО-ДПМНЕ:
“Веројатно ќе беше разочарување само за членството и за симпатизерите нивото на кое е паднато Здружението што се претставува како политичка партија, ама фактот што таа групација претендира да е вистинска политичка алтернатива го прави нивното гротескно дејствување дебакл. Дебакл и за општеството и за целата демократија.
Интерпелацијата со којашто ми се заканија денеска, во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а јас лично сум мета на напади од разни центри што директно се борат против македонските интереси, всушност само помага самите тие да се нацртаат во графата каде суштински припаѓаат – рамо до рамо токму со тие центри, како тотални политички и државни деструктивци, изгубени и прегазени од чекорот на времето и процесите што им се одвиваат пред нос, додека тие во своите антимакедонски лаборатории го создаваат она од што и самите се изградени – интриги, завери, лаги и конструкции.
Очајниот обид за создавање на внатрешен раскол во Владата е на иста линија и оди далеку над политичката прагма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско премрежје и овој контекст, ова е директен напад кон самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот.
Најголемиот пораз за нив, сепак е вистината и фактот што во сите битки на македонската држава денес, предавниците никогаш не биле на оваа страна од приказната.
Тоа ќе го суди и историјата, ама и блиската иднина.
Таа тежина е залепена за нивните плеќи и со (само)залажувањето дека е на туѓите станува само поголема и поопасна.
Нека си ја носат!”
Ја сака Македонија и мрзи насилство од било каков вид
Македонофил од САД до Бугарија: (Историски) „Ревизионизам“ жими задников






