Во македонската влада се случува тивок судир околу двојните стандарди по кои постапува вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, брифираат владини извори кои инсистираат на анонимност.
По вчерашниот предлог на Николовски да биде санкциониран член на управен одбор на неважна локална битолска институција по барање на Државната комисија за сузбивање на корупцијата, најмалку еден член на владата бара овој принцип без никаков искличок да важи за сите функционери.
Членот на владата кој има поддршка и од двајца пратеници, бара владата односно вицепремиерот за корупција Николовски да постапува по сите барања на Антикорупциската комисија за санкционирање на сите државни и владини функционери а не само за ниските ешалони на власта.
Николовски поддржан од премиерот Заев и уште еден вицепремиер засега не покренува исти вакви предлози за санкционирање за други повисоки функционери од страв дека тоа може да предизвика сериозни последици за стабилноста но и на имиџот на владата по катастрофалното 111 место на светот по корупција.
Expres.mk попладнево ќе објави кого кријат Николовски и Заев доколку до тогаш самата влада за сите други пријавени од ДКСК не излезе со процедура каква што го снајде локалниот член на неважниот управен одбор од Битолско.
Падна првата колатерална жртва во битката против корупцијата
Најчитано
ВМРО-ДПМНЕ греши, пописот не е политичка операција – пишува Горан Момироски






