Конфликт во владата, СДСМ ја понижи Алијанса за Албанците

Сериозен конфликт се случува во владината коалиција откако денеска СДСМ го понижи лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.



Пратениците на СДСМ денеска гласаа против предлог законот за амнестија, предложен од министерот за правда.

На гласањето за овој закон предложен од министерот Кренар Лога од Алијансата за Албанците за гласале само 15 пратеници а пратениците на СДСМ гласале против.

Според партиски извори СДСМ се одлучиле на ова бидејќи процениле дека предлог законот секако нема да помине, заради големиот број на амандмани од опозицијата, плус дека за поголемиот дел од јавноста овој закон е неприфатлив.

Контра гласањето на СДСМ за предлогот на Алијансата за Албанците доаѓа откако неколку функцинери на Таравари во владата јавно ја нападнаа ДУИ и порачаа дека Али Ахмети треба да оди во опозиција.