Конфискација, доколку нема доказ како е стекнат имот

Имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, за кој не може да се дикаже како е стекнат – ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.



Драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија, соопшти денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски спорд кој законот ќе важи за сите.

„Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите.

Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра“, вели Николовски.