Конечно се најде маж да се судри со моќникот кој цела деценија малтретирал граѓани на улицата Банско (ВИДЕО)

Најнова вест



На неколку минути по еден гласач си вели: Никогаш повеќе за СДСМ

СДСМ во последните десетина месеци дневно губи меѓу 230 и 300 гласачи

Расчистена блокада на граѓани од локален моќник во Кисела Вода.

Цела деценија човек кој што имал поддршка од власта блокирал простор за кој тврдел дека е негов личен имот но според Деталниот урбанистички план се работи за имот на државата на кој треба да има пат.

Местото кое било блокирано а кое треба да биде улица сега е употребливо за сите граѓани откако градоначалникот на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски отиде на лице место на граѓаните да им го врати патот кој им припаѓа.

Узурпаторот води постапка за приватизација на патот поради што тој бил блокиран цела деценија но никогаш го немал во владение.

Со градоначалникот се сложи дури и полицискиот припадник на Оливер Спасовски кој соочен со документацијата не можеше да му помогне на узурпаторот.

,,☝️ Јас сум на страната на мојот народ, на праведните и чесните и законот важи за сите во Кисела Вода, подеднакво.
И тоа ќе биде така сѐ додека јас сум градоначалник!
Ако некој толерирал самоволие десеттина години – јас нема да толерирам!

И без разлика кој на која позиција се наоѓа, кој на кого е пријател, другар или роднина – никој нема право од позиција на моќ да се заканува и да узурпира државен имот и со тоа да малтретира десеттици фамилии кои се попречени да стигнат до своите домови.
☝️ Денес, долгогодишната голгота на жителите на улица ,,Банско” завршува.
Од денес се надевам дека ќе има мир, а со сигурност ќе има нова улица на местото кое досега беше узурпирано.

Кај мене нема повластени, заштитени и дискриминирани.

✌️ За мене сите се исти, бидејќи Кисела Вода е наш заеднички дом!”, пишува Ѓорѓиоски кој по неколку директни судири со градежната мафија и укинување на неколку контроверзни дозволи за градба издадени од власта на СДСМ стана еден од најпопуларните градоначалници.

Најнови вести

Осомничените што ја водеа истрагата очекувано не се суспендирале самите себе си

Двајца суспендирани во АНБ, пак се спасуваат шефови а страда трет ешалон