Изборот на уставните судии веќе утре или најдоцна задутре ќе се најде на Комисијата за избори и именувања, потврди за „Слободен печат“ претседателката на Комисијата Марија Георгиевска откако вчера на покана на претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска за блокадата на изборот на четири уставни судии се состана државниот врв – шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседатрелот на Собранието Талат Џафери.
Кацарска предупредува дека е можна уставна криза
Кацарска по состанокот со државниот врв вчера изјави дека ако до крајот на годината Уставниот суд не биде комплетиран тогаш на државата и се заканува уставна криза.
На Уставниот суд му недостигаат четворица судии и тој сега функционира само со пет, што е на работ од потребниот кворум за одржување седници.
Поради ваквата ситуација, за дел од предметите не може ни да се носат одлуки бидејќи нема мнозинство гласови.
Предлози за уставни судии се Љубомир Јовевски, Саво Климовски, Татјана Васиќ, Фатмир Скендер, Родна Живковска, Бранко Секуловски, Тодор Витларов, Весна Јовановска и Војислав Димовски.






